Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Драматичен лет од Келн кон Скопје- Големи турбуленции, страв и паника кај патниците

Синоќешниот лет од Германија кон Македонија, поточно летот од Келн кон Скопје ќе им остане долго во сеќавањата на патниците од авионот. Како што пишува порталот ин7.тв за време на летот се се случиле големи турбуленции кои траеле повеќе од нормално.

Силно тресење и стравот предизвика вистинска паника кај патниците кои што патуваа со авионот на една позната компанија.
Како што дознава ин7 од патницо кои што биле во авионот, надвор имало силен ветер и никој од нив не се сомнева дека можеби станувало збор за некој технички пороблем на авионот.

-Се вознемиривме. Турбуленциите беа силни и траеа долго. Во еден момент видов еден паднат патник на кој што стјуардесите му помагаа. Не ми се случило никогаш порано ова, открива еден од патниците во авионот за ин7.тв.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК