8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е поставување на сообраќајна сигнализација по што ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај. Геодетски и геомеханички истраги ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 19:00 часот. Времетраењето на времената измена ќе биде 5 дена, односно почнувајќи од денес 18.11.2019 г. до 22.11.2019 г.

СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен , преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11 2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година. На овој линк повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

Спонзорирано: