3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Китев: Мицкоски е против ветинг, затоа сака да ги спаси судиите и обвинителите кои го штитат криминалецот во бегство Груевски

Со вчерашната изјава. Христијан Мицкоски потврди дека тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ се противат на ветинг на судии и обвинители. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против правдата, не сакаат професионализација на правосудството, независен и ефикасен правосуден систем. Мицкоски е против ветинг, затоа сака да ги спаси судиите и обвинителите кои се го штитат криминалецот во бегство Никола Груевски. Со оваа изјава Мицкоски се става во одрбана на судиите кои одолговлекуваат судски процеси. Спас на Груевски е единствената цел на Христијан Мицкоски, изјави на денешната прес конференција, Бетиане Китев, пратеник од СДСМ.

-Како по обичај, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна на правдата. Тоа го докажуваат со кочењето на носењето на Законот за јавно обвинителство, го докажуваат и со изјавата на Мицкоски дека ветингот не е соодветно решение за зајакнувањето на капацитетите на правната држава.

Јасно е, Мицкоски не сака правда, не сака владеење на правото, не сака профеосналните и чесни судии и обвинители да се одвојат од оние кои се без интегритет и кои професионално ја вршат својата работа.

Мицкоски сака само обнова на „Сваровски“ судството кое работеше по налози од белиот дворец, кое монтираше судски предмети и диктираше судски пресуди.

Тоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да го дочекаат. Граѓаните нема да дозволат обнова на партиски контролирано судство.
Неопходен е целосен ветинг во судството.

Реформите во правосудството ќе продолжат. По 12 април и победата на колаицијата предводена од СДСМ започнува процес на ветинг за сите судии и обвинители.

Ветивме правда и продолжуваме да се бориме за неа, изјави Китев.

Спонзорирано: