23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кнауф – 25 години синоним за иновации во градежништвото

Брза и повеќеслојна комуникација, брза достава на потребните материјали, решавање на најтешки градежни предизвици на купувачите, избор на материјали за секоја потреба и за секој предизвик, агилност во носењето на нови производи базирани на анализа на пазарот и следење на сентиментот на пазарот преку напредни дигитални алатки, денес е императив во работењето. Конкуренцијата во градежништвото им налага на градежниците да бидат во чекор со иновациите. Новите технологии и идеи во проектите кои се изведуваат се основа на градежната индустрија. Но кога пазарот нуди голем број на навидум исти производи, денес е потребно повеќе од кога било да владее јасна диференцијалност, да се нудат подобри решенија и иновативни и креативни производи кои ќе се издвојуваат од останатите. Се вели дека компаниите кои што успешно пласираат новитети на пазарот го менуваат начинот на размислување кај луѓето и тоа не само за нивните производи, туку и за самите нив. Поради тоа, сè поголем број организации прифаќаат нови, инвентивни решенија и процеси.

Кнауф тоа во земјава го прави 25 години. Светското искуство на мултинационална компанија со 35000 вработени низ светот, го пренесува на локалниот пазар преку своето техничко знаење и фер однесување во трговијата. Кнауф на традиционалниот македонски пазар ја донесе сувата градба. Преку неа донесе нов, повисок квалитет во животниот и работен простор. Просторот изграден со новите материјали е побрзо и полесно изграден, покомфорен и поздрав. Брзината на градба ја подигна и преку воведувањето на машинските гипсени глет-малтери, со кои зазема водечка позиција на пазарот на машински малтери. Квалитетот го подига и преку фасадните системи, палетата на глет-маси, системи за поплочување, хидроизолации и специјални системи кои ги следат трендовите и регулативите на Европа.

Кнауф и во наредните децении повторно останува на страната на иднината. Компанијата е во процес на целосна дигитализација на своите алатки и услуги. Инженерите почнуваат со користење на напредните BIM алатки, за поточни и подобри проекти во градежништвото. Се забрзува и поедноставува логистиката на материјалите. Се обучуваат повеќе изведувачи за понапредни градежни системи. Се воведуваат машински процеси на градба и обработка. Материјалот станува подостапен и по мерка на желбите и потребите на корисникот. Кнауф станува подостапен на модерните канали за комуникација: комуницира преку социјални мрежи и преку вебинари, во време и место кое им одговара на што повеќе чинители на градежништвото.

Конечно, сé се ова идеи на компанија која се води од очекувањата на пазарот за повисок квалитет на технологии, материјали, системи. Кнауф континуирано ги слуша своите клиенти и ажурно ги исполнува нивните потреби и очекувања. Следејќи ја работата на Кнауф во Македонија, може да согледа всушност и како ќе изгледа градежништвото во иднината? Токму затоа јубилејно мото на компанијата гласи: Гради подобро, за посветла иднина!