Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коцевски: Домаќински се однесуваме, враќаме стари долгови но и инвестираме во инфраструктурата во сите делови на општина Велес

Кога ја преземав функцијата градоначалник на Велес, општината имаше долг од 3,4 ,милиони евра долг, создадени со незаконско работење на претходната власт истакна градоначалникот на Велес Аце Коцевски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“.

Тој додаде дека со заштеди со намалување на рошоците за репрезентација за 12,5 пати, трошоците за службени патувања за 2 пати, и за гориво за 1,7 пати општината успева да ги враќа долговите, но и да инвестира во инфраструктурата и во капиталните проекти.

Успеавме да реализираме 13 поголеми проекти во вредност од 2,5 милоини евра и тоа за проектот за туристички развој на езерото Младост, подобрување на животот на ромските заедници, комунални проекти, околу милион евра за проекти за патишта, чија изградба е во тек, рече Коцевски.

Инвестираме во градот но и во околните села, бидејќи ние градиме едно општество за сите и секој заслужува еднакви услови за живот, истакна Коцевски, најавувајќи дека наскоро ќе започне реконструкција на градскиот пазар и изградба на првата катна гаража во градот.

Тој додаде дека Велес е првиот град, кој донесе стратегија за развој како паметен град и одржлива урбана мобилност, по примерот на големите развиени градови.

На вистинскиот пат сме да го задржиме овој курс, кој води напред и убеден сум дека на 12 април нашата држава ќе до продолжи правиот пат заклучи градоначалникот на Велес Аце Коцевски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК