Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Живковиќ: СДСМ ги покачи пензиите за 900 денари, се грижиме за пензионерите

-Како одговорна партија покажуваме дека се грижиме за оние кои ја креирале основата на нашата држава и кои го трасирале патот на младите! Ги покачуваме пензиите со најголемиот износ во последните 20 години – од 700 до 730 денари почнувајќи од јануари 2020 година. Заедно со редовното усогласување со трошоците за живот, 322.000 пензионери и пензионерки ќе имаат поголеми пензии за околу 900 денари, а просечната пензија ќе изнесува 15.550 денари, што значи покачување на просечната пензија за 1746 денари, изјави на денешната прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика.

-Овие покачувања на пензиите не се преку задолжувања како што тоа го правеше претходната власт туку се производ на домаќинското работење на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ и мерките кои ги презема Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Го враќаме достоинството на граѓаните и граѓанките кои се во третото доба и тоа го правиме согласно дадените ветувања од декември 2016. Нашите највозрасни сограѓани и сограѓанки заслужуваат да ги поминат пензионерските години со дигнитет и со мерки кои им го олеснуваат животот. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните и граѓанките, изјави Живковиќ

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК