Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Поддршка од Шведска за европските интеграции на земјава

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, во Стокхолм се сретна со Стефан Лофвен, премиер на Кралството Шведска.

На средбата е изразена поддршка за европските интеграции на Република Северна Македонија. Констатирано е дека нашата земја направи видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи и дека тоа треба да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите. Порачано е дека земјата може да смета на поддршката од Кралството Шведска и во иднина.

Премиерот Заев и вицепремиерката Шекеринска му се заблагодарија на премиерот Лофвен и на Кралството Шведска за постојаната поддршка на демократските процеси и на сите клучни политички процеси за напредокот на Република Северна Македонија.

„Работиме на реформите и понатаму со став дека европските перспективи за нас како држава немаат алтернатива. Во очекување сме и на заокружување на НАТО-интеграциите. На нашата држава, како и на Западен Балкан и на Европа, ѝ се потребни стабилност, просперитет и развој. Потребна ни е одржливост. Тоа се процеси во кои Шведска дава водечки придонес за што сме благодарни“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЌЕ СКОКНАТ И ДО 34°C, НАЈАВЕНО Е И НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните денови

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК