Centar.mk
БИЗНИС

Финансиски резултати за трет квартал на ОКТА – Континуиран раст на продажбата постигнат преку синергии, оперативни подобрувања и зголемени меѓународни цени на горивото

ОКТА го започна третиот квартал од 2019 година со значително зголемена профитабилност, пред сè поради континуираниот раст на обемот на продажба на домашниот и на странскиот пазар, позитивниот ефект од оптимизацијата на оперативните трошоци, како и ефикасниот менаџмент на индиректните трошоци.

Прилагодената ЕБИТДА, која ја отсликува оперативната профитабилност на ОКТА, во третиот квартал од 2019 година достигна 192 милиони денари, надминувајќи ги 122 милиони денари остварени во третиот квартал на 2018 година, при што главен двигател е одржливиот зголемен обем на продажба, како и оптимизацијата на структурата на трошоците. На деветмесечно ниво, прилагодената ЕБИТДА, движејќи се со ист тренд, изнесува 350 милиони денари, споредено со 274 милиони денари за истиот период минатата година. Добивката пред оданочување, во третиот квартал од 2019 година, достигна 149 милиони денари, наспроти загубата од 31 милион денари, забележана во третиот квартал од 2018 година. Следствено на тоа, добивката пред оданочување за деветте месеци од 2019 година изнесува 187 милиони денари, што е значително повисоко од еден милион денари достигнати во истиот период минатата година. Тоа главно се должи на континуираниот раст на продажба на домашниот и странскиот пазар, дополнет со зајакнатата оперативна ефикасност, како и со позитивниот ефект од зголемените меѓународни цени на горивото. Приходите од продажба достигнаа 20.294 милиони денари, што е повисоко во споредба со истиот период од 2018 година (20.096 милиони денари), како резултат на повисоките меѓународни цени на горивото.

Ликвидноста на компанијата, поради промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое ѝ обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитните линии кои ги има на располагање.

Во третиот квартал на 2019 година, ОКТА посветено продолжи да работи на реализација на општествено одговорни активности, во најголема мера посветени на поддршка на формалното и неформално образование на младите генерации, како и на безбедноста во сообраќајот. Во август, компанијата потпиша Меморандум за соработка со УКИМ за доделување десет стипендии за постдипломски студии на вкупно пет факултети, а во септември беа потпишани и договорите со тројцата студенти на кои ОКТА и Хеленик Петролеум им доделија стипендии за втор циклус студии на Универзитетот во Пиреја, Грција. Традиционално, петта година по ред компанијата го поддржа одржувањето на камповите за млади лидери во Крушево на кои учествуваа околу 140 средношколци од семејства со различна верска и етничка припадност и социјален статус. Вработените во ОКТА и годинава учествуваа на хуманитарната трка „Подај рака“, чија цел е поддршка на заболените од ретката Вилсонова болест.

ОКТА како еден од двигателите на економијата овозможува непрекинато снабдување со горива на сите сектори, како и поддршка на развојот на субјектите директно поврзани со нафтениот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Убава вест за скенирачите на фискални: Познато е кога ќе тргне исплатата на повратот на данок преку Мој ДДВ

ДЕСК

Трипуновски нема да си поднесе оставка

ДЕСК

Следното покачување на минималната плата повторно во фокус: Работниците чекаат корекција, а ќе ја добијат дури во март 2026-та додека трошоците галопирачки растат

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.