Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Висока победа за АЛКАЛОИД во четвртото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

Шахистите на Алкалоид успешно ги продолжуваат борбите на Европскиот Клупски Куп. Мечот од четвртото коло беше со императив за висока победа, како предуслов да се продолжи трката за една од медалите. Алкалоид со 4 победи и две реми дојде до резултат 5:1 против екипата „Итака“ од Србија. Ковалев, Шанкланд и Криворучко со сигурна игра извојуваа победи. Следеа две реми на Андреикин и Инаркиев. Најголема борба се водеше на првата табла, меѓу велемајсторите Мамедјаров и Инѓиќ. Во динамична и остра позиција, дојде до израз шаховската сила на Алкалоидовиот играч, и партијата заврши со победа на Мамедјаров.

По одиграни четири кола, само 4 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 8 бода, а потоа следи група со 6 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.

Во петото коло, ШК Алкалоид за противник ја има екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“.

Можеби ќе ве интересира

„Чебрен“, „Галиште“ и нови ветерни паркови ќе ја зајакнат независноста на државата, вели премиерот Мицкоски

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци

ДЕСК

Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

ДЕСК