7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Царовска од Делчево: Го вративме достоинството, ја зголемивме социјалната помош за 300%, воведовме детски додаток за 22.000 деца, го решивме проблемот со стечајците

Ја зголемивме социјалната парична помош за 300%, но она што е поважно е не самото зголемување туку тоа што воведовме образовен и детски додаток. Основата на нашата реформа е идните генерации да ги извлечеме од сиромаштија, преку образование а на родителите да им понудиме помош и поддршка за достоинствено да работат, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, на вечершаната трибина „На прав пат“ во Делчево.

-Затоа денеска 22.000 деца примаат детски додаток. Само преку образование можеме идните генерации да ги обезбедиме, да живеат без сиромаштија. На родителите им нудиме помош и поддршка за достоинствено да се преквалификуваат, дообразуваат, да излезат на пазарот на трудот, да работат и достоинствено да си го обезбедат приходот. Значи не само што враќаме повеќе пари кај граѓаните туку им гo враќаме и достоинството, рече Царовска.

Потпретседателката Царовска потсети и на решавањето на децениската неправда кон стечајците.

-Стечајците на улица ги бараа своите права, а ние за 2,5 години го решивме прашањето на 11 илјади стечајци, кои сега добиваат по 10.200 денари месечна помош до пензионирање. Со новиот закон којшто брзо очекуваме да биде усвоен го решаваме проблемот на 12.000 стечајци за само 2.5 години, истакна Царовска

Продолжуваме заедно и на прав пат. Нашата држава ќе ја направиме прекрасно место за живеење и ви ветувам дека со истата желба и мотив ќе продолжам да се борам за подобар живот за секој од нас, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина „На прав пат“ во Делчево.

Спонзорирано: