Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Поповски го осуди нападот на новинари

Mинистер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, го осуди синоќешниот напад на новинари.

-Силно го осудувам синоќешниот напад на тројцата мои колеги новинари, Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски. Мојот став е нула толеранција за каков било напад, притисок или закана врз новинарите и медиумите. Иако сеуште не е позната причината и лицата кои ги нападнале се надевам дека мотивот не е политички. Професионалните и независни медиуми се гласот на граѓаните во секоја демократска држава.Затоа ги повикувам институциите да покажат одговорност, да ги пронајдат напаѓачите и да постапат соодветно, напиша Поповски.

Можеби ќе ве интересира

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК

Ноќен инцидент во Аеродром: Пет лица приведени по агресивно однесување кон полицајци

ДЕСК

Трагичен крај на потрагата: Исчезнат скопјанец пронајден починат на Средно Водно

ДЕСК