Centar.mk
ЛОКАЛНО

Градинката „Калинка“ во Железара со проширен простор за уште 75 деца

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска присуствуваа на отворањето на проширениот дел на градинката „Калинка“ во скопската населба Железара.

Со преадаптацијата на првиот кат од градинакта „Калинка“ сегашниот вкупен капацитет е за 215 деца од предучилишна возраст и тие се организирани во 9 воспитно-згрижувачки групи. Просторот на оваа градинка е проширен за три нови занимални, во кои има место за 75 деца. Министерството за труд и социјална политика учествуваше со 2,3 милиона денари наменети за градежно-занаетчиски работи и опремување на објектот.

Градиначалникот најави дека „Калинка“ ќе биде прва градинка во Гази Баба што воведува втора смена.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

ДЕСК

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

ДЕСК

СДСМ со конкретни мерки за загадениот воздух: Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење, чистење

ДЕСК