Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се радуваат на историската грешка на ЕУ, затоа граѓаните ќе ги казнат на 12-ти април

-Целиот западен демократски свет порача дека Северна Македонија сторила се, а одлагањето на датумот било историска грешка, само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа да се радуваат на историската грешка на ЕУ, соопшти СДСМ.

„Се што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават е блокада на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО.

Дури и Емануел Макрон вчера во интервју порача дека сите земји членки биле сложни да ги започнеме преговорите со ЕУ, а Мицкоски не може да побегне од кажаното и ја манипулира јавноста со лажни, бесмислени обвинувања.

Тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, анти ЕУ и анти НАТО дејствување, обнова на режим и враќање назад во изолација.

Граѓаните тоа нема да го дозволат и на 12 април уште еднаш ќе го поразат нивното деструктивно однесување и ќе потврдат дека државата е на прав пат.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК