Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: И Макрон потврди дека сите членки биле за да започнеме преговори, само Мицкоски се радува на грешката на ЕУ

-Колку што се срамни и антидржавни изјавите на Мицкоски толку е голем шамарот од Макрон токму за Мицкоски. Во интревју за Економист, Макрон потврдува дека „сите во ЕУ биле за преговори“ со Македонија. Целиот западен демократски свет порача дека Северна Македонија сторила се, а одлагањето на датумот било историска грешка. Дури и Емануел Макрон вчера во интервју порача дека сите земји членки биле сложни да ги започнеме преговорите со ЕУ, изјави на денешната прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

– Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа да се радуваат на историската грешка на ЕУ. Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски останаа да работат против ЕУ и НАТО, следејќи ги инструкциите на Груевски од Будимпешта. Тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, анти ЕУ и анти НАТО дејствување, обнова на режим и враќање назад во изолација. Со таква понуда можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12ти април. Граѓаните уште еднаш ќе поразат нивнот деструктивно однесување и на 12ти април ќе потврдат дека државата е на прав пат, рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК