23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Се јави Коце поплава, човекот кој 8 години го уништуваше градот и го остави запуштен и загаден

Коце Трајановски е последниот повикан да зборува за состојбата во Град Скопје. За 8 години како градоначалник на Скопје, Коце Трајановски единствено што правеше беше исполнување на криминалните апетити и личните хирови на Никола Груевски за што се потрошија над 600 милиони евра народни пари. Скопје немало, ниту ќе има понеодговорен градоначалник од Трајановски кој остави зад себе огромни штети, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо за конкретни и реални потреби на граѓаните , Коце Трајаноски парите на граѓаните ги расфрлаше за споменици, лажен барок, палми и жални врби додека илјадници граѓани во Скопје немаа водоводи и канализациски мрежи..

Заради криминални интереси редовно се уништуваа зелени површини, се градеше неплански а Скопје од зелен град стана сив запуштен град, наместо да се борат против загадувањето Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ дополнително го поттикнуваа.

Затоа и Коце Трајановски нема кредибилитет да зборува за политиките на оваа градска власт.

Затоа што токму оваа градска власт и градоначалникот Петре Шилегов вложуваат во реални потреби на граѓаните, развој на патната инфраструктура, подигање на зеленило, еколошки јавен транспорт, еко загревање на домовите, реконструкција на училишта, велосипедски патеки и друго.

Наместо градење на дворци и палати како ВМРО-ДПМНЕ, додека граѓаните живееја на раб на сиромаштија, денес СДСМ работи исклучиво за вистинските потреби на градот и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ниту како власт ниту како опозиција не работела никогаш во интерес на градот и неговите граѓани.“ – се вели во реакцијата.