Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

„Фејсбук“ се ребрендира

Компанијата објави на својот блог дека се ребрендира – ќе го задржи името на социјалната мрежа, но ќе има ново лого за подобро да ги означи сите различни производи и услуги што сега ги нуди, вклучително и Instagram и WhatsApp. Со новото лого, името на компанијата ќе биде испишано со големи букви – ФЕЈСБУК.

„Денес ние ја ребрендираме нашата компанија да бидеме појасни во врска со производите што доаѓаат од ‘Фејсбук’“, напиша Антонио Лусио, главен директор за маркетинг на компанијата. „Воведуваме ново лого на компанијата и дополнително ја разликуваме ќе направиме разлика меѓу компанијата ‘ФЕЈСБУК ‘ од апликацијата ‘Фејсбук’“, која ќе го задржи својот бред.

„Оваа промена на брендот е начин за подобро комуницирање на нашата сопственичка структура со луѓето и деловните субјекти кои ги користат нашите услуги, за да се поврзат, споделат, градат заедница и да ја зголемат својата публика“, напиша Лусио. Компанијата соопшти дека новото лого ќе се појави на Инстаграм, WhatsApp и нејзините други производи.

Гугл направи сличен потег во 2015 година, но ја нарече својата нова матична компанија „Алфабет“.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

НАСА одреди нов датум за историската мисија околу Месечината

C +

Летало на НАСА се враќа на Земјата по 14 години: тежи 600 килограми

C +