Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за тешката сообраќајка кај Гостивар – Градец, со болнички се носеа повредените

На 05.11.2019 околу 17.20 часот на регионалниот пат Гостивар – Градец, во Дебреше, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „фолксфаген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управуванo од И.З.(35) од гостиварски Добридол и трактор „имт“ со приколка, што го управувал И.Р.(56) од с.Боговиње, тетовско.

Во несреќата, И.Р. се здобил со тешки, а И.З. со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК