Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕВН ја купи Градската куќа под Кале

Вчера заврши електронската аукција, која е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје кој е лоциран под скопското Кале.

Од Град Скопје информираат дека на јавниот повик објавен на 17 октомври за продажба на недвижна ствар по првпат по пат на електронско јавно наддавање, до предвидениот рок единствено се пријави компанијата ЕВН – Македонија.

Согласно со законските прописи, вчера се изврши електронско јавно наддавање со единствената компанија и е постигната почетната побарувана цена од Град Скопје во износ од 785.031.818 денари.

Согласно со предвидените процедури од јавниот повик, купецот треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување договор со кој ќе се заврши целата постапка.

Можеби ќе ве интересира

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК