Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зеќир Рамчиловиќ предложен за потпретседател на Собранието

Зеќир Рамчиловиќ е предложен за нов потпретседател на Собранието од страна на пратеници од ДУИ и од СДСМ. Предлогот вчера е доставен до Собранието. Рамчиловиќ ќе го пополни испразнетото потпретседателско место во Собранието на Весел Мемеди, кој даде оставка од функцијата пратеник.

Претходно, Рамчиловиќ, кој беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ, преку писмен допис го извести собранискиот спикер Талат Џафери дека ја напушта пратеничката група. Се очекува по изборот за потпретседател, Рамчиловиќ да се изјасни дали ќе дејствува како независен пратеник или како дел од пратеничката група на СДСМ.

За предлогот Рамчиловиќ да биде нов потпретседател ќе се гласа на попладневната собраниска седница.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +