Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

Откриена скулптура „Жртви на фашизмот“ во Дабница

Со откривање на идентична реплика од скулптурата на споменикот „Жртви на фашизмот“ во месноста Дабница, која пред повеќе години беше уништена, денеска го започнавме чествувањето на 3.Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, порача Илија Јовановски, градоначалник на Прилеп.

Одбележувањето на празникот продолжи со полагање свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу, Могилата на непобедените и споменикот кај месноста Песјобрдце.

Во рамки на одбележувањето беше промовирана и публикацијата фотомонографија „Ченто – биографија низ фотографија“ од авторот Рубинчо Белчески, а во издание на НУ „Завод и музеј“ – Прилеп.

Празникот го збогативме и со обновување на бистата на спомен обележјето на Блаже Спиркоски – Воденски, пред Домот на УЗ „Тризла 1“.

Вечерва, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3.Ноември, со почеток во 19 часот, во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи свечената седница на Советот на општина Прилеп.

– Нека ни е честит и за многу години празникот, Денот на ослободувањето на Прилеп, 3.Ноември, порача Јовановски.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКОПЈАНИ – Завршени анализите на водата за пиење, познати резултатите

ДЕСК

Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите

ДЕСК