11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради велосипедскиот караван „Скопје на точак 2019“ утре, 3 ноември, дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај.

Настанот ќе почне во 12 часот, а е во организација на Сојузот на спортови на Скопје. Трасата на движење на учесниците со велосипед ќе биде од фонтаната „Лотос“ во Градски парк, право по булеварот „Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, лево по бул.„Партизански одреди“, лево по бул.„ВМРО“, па десно по бул.„Гоце Делчев“, десно по бул.„Крсте Петков Мисирков“, во продолжение по бул.„Кочо Рацин“, десно по ул.„Свети Кирил и Методиј“, десно по бул.„Свети Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“, до пред фонтаната „Лотос“ во Градски парк.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедската трка.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар е единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”

C +

Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

C +

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +
error: Соддржината е заштитена.