Centar.mk
ЛОКАЛНО

Водата од два бунари во Горно Нерези небезбедна за пиење

Водата од два бунари во село Горно Нерези е небезбедна за пиење поради зголемен број на бактерии, соопшти Центарот за управување со кризи.

„Од Центарот за јавно здравје – Скопје известуваат дека водата за пиење од бушен бунар бр.1 и бушен бунар бр.2 во село Горно Нерези не одговараат за пиење заради зголемен број на аеробни бактерии“, стои во соопштението.

Исто така, од ЦЈЗ Скопје известуваат дека примерокот на вода за пиење земен од новиот бушен бунар од аеродромот „Апостол Павле“ Охрид со сирова нехлорирана вода не одговара на Правилникот за исправност на вода заради зголемена содржина на железо и манган. Поради тоа, се препорачува прочистување и хлорирање.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +