10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Апостолска: Две германски компании заинтересирани за можностите за инвестирање во Северна Македонија

Северна Македонија е одлично место за инвестирање, за реализација на нови ивнестициски проекти од страна технолошки напредни компании со силна и стимулативна економија, што се должи на активните економски политики на Владата, кои овозможуваат сериозна финансиска поддршка за компаниите во реализацијата на нивните инвестициски намери, порача министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, пред менаџментот на две компании од регионот Баварија, со кои имаше одвоени средби во рамките на дводневната работна посета на Германија.

Станува збор за производни компании што доаѓаат од секторите производство на стакло и преработка и производство на метални компоненти. Од кабинетот на Апостолска велат дека двете компании се наоѓаат во фаза на одлучување за проширување на нивните производствени капацитети надвор од Германија и имаат изразено интерес за можностите за инвестирање што се нудат во Севрна Македонија.

Претставувајќи ги поволностите и предностите за инвестирање во Северна Македонија, како и активните владини економски политики од планот за економски раст, министерката Апостолска истакна дека сите мерки за поддршка на инвестициите се законски втемелени, транспарентни и јавно достапни, фокусирани на стимулирање на конкуретноста, продуктивноста и создавањето производ со повисока додадена вредност.

„Северна Македонија има многу што да им понуди на странските компании кои ќе одлучат да го прошират своето производство во нашата земја. Стабилна и предвидлива деловна клима, развиени економски мерки, кои обезбедуваат конкретна поддршка за технолошки развој и воведување иновации во производствениот процес, воспоставување центри за истражување и развој, зајакнување на конкуретноста, создавање нови и добро платени работни места“, порача министерката Апостолска на средбите со менаџментот на овие компании, притоа дополнувајќи дека растечкиот тренд на трговската соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, која во првите седум месеци од годинава се зголеми 18 отсто во споредба со 2018 година, зброува за довербата што деловните заедници од двете земји ги имаат меѓу себе, што може да биде дополнителен инпут во градењето на одлуките на овие компании за реализацијата на нивните инвестициски проекти.

Министерката Апостолска направи обиколка на производствените капацитети на компаниите и ги покани да ја посетат Северна Македонија за непосредно да се уверат во условите за инвестирање и да ги искористат стимулативните владини мерки за реализација на инвестициски проекти.

Спонзорирано: