13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Залудно се правда Мицкоски, јасна е неговата спрега со одбраната на криминалци и тајкуни на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски се заглави со сопствената мрежа на обиди да ги одбрани криминалите на режимот и нивните тајкуни. Покрај тоа што мавташе со наводни документи за искази и вештачења, Христијан Мицкоски случајно или не повторно призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали од предистражни дејствија односно материјали од нелегално следење на комуникациите. Поседување на изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело, а оној што ги споделил таквите документи не може да биде свиркач туку вршител на кривично дело, реагираат од СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Манипулациите со вакви документи пак ја поткпува истрагата и целиот процес за случајот Рекет.

Залудно се правда Мицкоски, јасна е неговата спрега со одбрана на криминалците и тајкуните од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец.

Христијан Мицкоски ги покажа неговите вистинските намери, да работи против правната држава, да ги кочи процесите и да го загрозат датумот за почеток на преговори со ЕУ.

Овие јалови обиди на Мицкоски да се попречи правдата и да се спасат криминалците од одговорност, со сигурност, пропаѓаат.“ – се вели во реакцијата.

Спонзорирано: