Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жбогар: Разбирливо одложувањето на пописот во време на избори

Евроамбасадорот Самоил Жбогар вели дека одложувањето на пописот поради изборите според него е логично, но порача дека власта нема пречки барем во Собранието да го донесе Законот за попис.

„Разбираме дека пописот мораше да се одложи поради одлуката на властите да се одржат предвремени избори. Одложувањето е логично во овие околности. Пописот е процес од кој имаат корист сите граѓани и тој треба да биде ослободен од политичко влијание. Разбравме дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред и се надеваме дека ќе има и политичка волја за да се заврши оваа операција. Очекуваме да видиме како ќе се одвива пописот веднаш штом се исполнат сите услови, а најдоцна до 2021 година кога и останатите европски држави ќе го организираат пописот“, вели Жбогар.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК