Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев од Прилеп: Растот на платите е прав пат, просечната плата ја зголемивме за 2 илјади денари, ќе биде 30.000 денари

Растот на платите е прав пат, истакна претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Прилеп.

– Решивме со мудри чесни политики да обезбедиме раст на платит и граѓаните да добиваат повеќе пари. Следува ново покачување на минималната плата 14.500 денари. Тоа е 5.500 денари повеќе отколку пред две и пол години. Тоа е годишно 66.000 денари повеќе кај секој работник. Тоа направи притисок за раст на останатите плати. Ги зголемивме платите во градинките, во образованието, во здравството, во одбраната, во полицијата. За 2 илјади денари е зголемена просечната плата. Продолжуваме да ги субвенционираме придонесите за да растат платите и во приватниот сектор и ви ветувам, просечната плата наредната година ќе изнесува 30.000 денари, рече претседателот Заев на трибината „На прав Пат“ во Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК