-Кога стигна историската грешка, не повреди сите, не допре вод ушата не ни беше лесно. Неправда, горчина, нефер кон нас, затоа што ни ветија, испорачајте, ќе испорачаме преговори за ЕУ, рече премиерот Зоран Заев попладнево од трибината на СДСМ во Прилеп.
– И од таа неправда оваа наша земја ќе проникне како феникс.
Не прифаќаме било какви алтернативи, пактови, партнерства. Ние сме за полноправно членство во Европската Унија, затоа што Европа е и наша, затоа што го имаме целото право на Европската Унија, како граѓаните на Холандија, Германија, Франција, Бугарија и Хрватска – еднакво право, рече Зоран Заев.
Секоја земја која што е на европскиот парламент, има право да се приклучи на ЕУ, рече Заев.
-Нема друг пат, тоа е патот по кој што треб ада се движиме. Ја сакаме Европската унија заради вредностите, затоа што ако имам неправда, ќе ја дочекам правдата. Ја сакам ЕУ затоа што сакам нашите деца и внуци да имаат еднакви права и обврски како и сите деца од ЕУ.
Сакаме да имаме здравство како што има во Шведска и Данска да има и тука, порача премиерот Зоран Заев.
Заев е убеден дека Македонија ќе добие одлука за почеток на преговорите.