Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче во посета на аптеки во Прилеп: Лековите се достапни за граѓаните и кон крајот на месецот

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во општина Прилеп посети неколку аптеки, за да се информира како тече мерката со укинувањето на квотите за лекови на рецепт.

„Граѓаните на Прилеп имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. За првпат сите граѓаните имаат достапни лекови кон крајот на месецот. Тие без проблем ја земаат потребната терапија. Го решивме деценискиот проблем. Секој пациент е снабден со лекови согласно реалните медицински потреби, без да прават залихи на лекови во нивните домови“, истакна министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК