Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Еве го октомври, дојдовме во Брисел и ја очекуваме заслужената вест

Втор пат оваа година нашата земја и нашито народ се во големо исчекување и очекување. На крајот на јуни и почетокот на јули од Брисел стигна пораката дека Северна Македонија ги исполнила очекуваните резултати но дека само заради календарските усогласување на членките во ЕУ, добрата вест ќе ни стигне во Октомври, порача премиерот Зоран Заев предмалку од Брисел.

– Еве го октомври, дојдовме во Брисел и ја очекуваме заслужената вест за одлука да почнеме преговори за нашата стратешка цел, членство на Северна Македонија во Европската Унија. Пристапивме искрено и чесно, разбираме и прифаќаме дека оделни членки на европската унија имаат потреба да ја отворат и заокужрат дебатата за новата методологија за преговори, и ние сме за тоа. Сепак сигурни сме дека и двата процеси можат и мора да одат паралелно. Методологијата може да се развие и спроведе и тоа никако не пречи С. Македонија да добие позитивна одлука сега и веднаш, порача премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК