21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Неколку причини поради кои сите жалиме по ЈУГОСЛАВИЈА

Повеќето кои живееле во тоа време, жалат по Југославија – тврдат дека животот им бил подобар, а еве и зошто:

Пазар

Рационалните луѓе жалат по пазарот. Пазарот од 22 милиони луѓе дава вистинска прилика за заработка. Овозможува производство на поголеми серии производи со пониски конечни цени.

Социјални права

Здравството и школувањето биле бесплатни. Листите за чекање кратки. Работното место било сигурно како смртта – никој не можел да ви го одземе.

Милиција

Некои работи кои денешната полиција ги решава во рок – никогаш, милицијата ги решавала во рок – веднаш.

Контејнери

Никогаш ниту еден човек во Југославија не бил виден како копа по контејнери. Денес нема контејнер кој секое утро не собира многу несреќници.

Натпревар помеѓу народите

Југославија била некој вид натпреварувачка арена за бројни народи. Сите кои живееле во неа се натпреваруале со некои други.

Работни акции

Денес луѓето не сакаат да работат ниту кога им се плаќа – некогаш работните акции низ Југославија собирале илијадници млади луѓе.

Кинематографија

Југословенските филмови биле наградувани во Венеција, Берлин, Кан…

Надворешен долг

Југославија во осумдесетите ги вклучи сите црвени аларми поради надворешниот долг кој нараснал на 20 милијарди долари. Но, добро е да се има на ум дека денешните републики од бивша Југославија се должни повеќе од 170 милијарди долари.

Кредити:

Многу кратко: некогаш кредитите им задавале главоболка на банките, а не на граѓаните, пишува Нови.

Спонзорирано: