2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Државата е на вистинскиот пат, само ВМРО-ДПМНЕ работи против НАТО и ЕУ, реагираат од СДСМ

-Не само што се против евроинтеграциите и членството во НАТО, туку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дури и навиваат против напредокот, реагираат од СДСМ на одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против ЕУ и НАТО, против реформите, против концептот со кој парите се враќаат на граѓаните, против раст на платите и пензиите, против се што е добро за граѓаните и државата.

Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна.

Без разлика, колку и да се против ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ продолжува по вистинскиот, правиот пат на развој, напредок и инетграција. Патот на ВМРО-ДПМНЕ води само кон обнова на криминалот и режимот.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +