18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Заев за групата која што негодуваше пред Општина Битола: Им се кине срцето затоа што ќе добиеме старт на преговорите, ги боли душата затоа што сме веќе во НАТО

Новинарско прашање: Господине премиер, надвор има некоја група која негодува кон вас, кон министрите. Зошто е тоа така, што мислите?

Премиерот Зоран Заев: Не знам, веројатно се од групата којашто има три проблеми: срцето, душата и петите. Јас реков, се кине срцето на некои луѓе заради тоа што ќе добиеме датум за почеток на преговорите после 15 години. Ги боли душата заради тоа што сме веќе членка на НАТО, секако месеци се во прашање и од петни жили се обидуваат да конструираат сценарија и лаги, и еве вака да реагираат заради тоа што државата оди напред.

Мое останува да ги повикам, ова е успех заеднички на сите. Следуваат убави денови за нашата земја. Навистина сме на правиот пат и како општество и верувам дека заслугата не е само на оваа Влада, туку од самостојноста на нашата земја, ова се две стратешки цели коишто ги исполнуваме, коишто еве во предвечерието на нивното исполнување бележиме раст од 3,6%, имаме раст на индустријата од 9,8%, пад на невработеноста до 17,5% за неполни две години, повеќе од 6% е падната невработеноста, 54,000 народ нов се вработени, се реализираат мал милион проекти. Денеска ќе разговараме за целиот овој пелагониски, битолски регион овде во коешто живее огромен процент од нашето население. Ако бидеме заедно верувам дека ќе ги мултиплицираме сите овие ефекти.

Спонзорирано: