11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наредната среда е неработен ден

После овој продолжен викенд ни остана уште еден споен викенд до крајот на 2019 година, а тој ќе го имаме дури до декември, односно на 8. декември, кога во недела паѓа празникот Св. Климент Охридски, па се преместува за понеделник и со тоа се добива продолжен викенд.

Следната недела имаме уште еден плус неработен ден. 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен, па со тоа добиваме и еден продолжен викенд во декември.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Спонзорирано: