Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дипломатски тениски турнир во Скопје

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го организира традиционалниот 23. дипломатски тениски турнир. Турнирот се одржува под покровителство на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, а по повод националниот празник 11 Октомври.

На турнирот ќе учествуваат претставници на дипломатско-конзуларните претставништва и меѓународни организации во Република Северна Македонија, како и вработени во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Турнирот ќе се одржи на терените на ТК „Евросет“ во Скопје, со почеток во 9 часот, а доделувањето на наградите е предвидено за 13:15 часот.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК