17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се читаат SMS пораки во судница за “Смиљковско”

СМС пораки и транскрипти од разговори кои потекнуваат о д18 априил 2012-тата се читаа на денешното рочиште за случајот Монструм.

Разговорите се водат меѓу непознати лица и едно лице Б.

Случајот Монструм го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.

Инаку вчера имало средба меѓу семејствата на починатите деца и министерката Рената Десковска, но на средбата не произлегло ништо, информираат застапниците на оштетените.

Петкратното убиство кое се случи на 12 април 2012 на Велики петок ја потресе македонската јавност во очи на големиот празник, а беа убиени момчињата Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство од 12 април 2012 годинаво претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута, но врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите.

Со тоа од притвор беа ослободени осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. Потоа случајот го превзеде СЈО, а сега Јавното обвинителство.

Спонзорирано: