14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ кулминира во безидејност и лажни вести, партизирање на администрација и криење на факти е одлика на опозицијата

– ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја докажува својата безидејност која кулминира со ширење на лажни вести. Крајно несериoзно е ВМРО-ДПМНЕ која е симбол за партизирање на сите институции да зборува за ваков негативен феномен. Времето кога државните институции беа партиски подружници заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Невенка Стаменковска.

-Софтверскиот систем на Министерството за информатичко општество и администрација е набавен во 2014 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и истиот чини околу 2.000.000 евра.

Но, според официјалните информации од Министерството за информатичко општество и администрација, за истиот систем не е набавен Изворниот код на софтверската апликација со што истата апликација не е функционална бидејќи Носителот на набавката-фирмата е носител на кодот, а не Министерството.

Исто така, Министерството, денес, троши повеќе од 2 пати помалку средства за модернизација на системот, од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го трошеше додека беше на власт.

Целиот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во областа на информатичкото општество се карактеризира со спроведување на скапи, необмислени проекти, без претходно направена анализа за користење, поддршка и потреба, најавувани како технолошко-општествени дострели, а скапо платени со огромни суми пари од граѓаните.

Откако СДСМ е на власт, иако нема законска обврска, Министерството за информатичко оштество и администрација ги објавува и бројот на вработени и бројот на вработени преку агенции за привремени вработувања.

За ВМРО ДПМНЕ бројот на вработени во јавната администрација беше државна тајна.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не сака ниту сега, ниту кога и да е, ниту има потреба да сокрива било што, се вели во реакцијата.