Секогаш во средиштето на збиднувањата...

СДСМ: Преку ИПАРД 2 Програмата обезбедени 16,5 милиони евра за развој на руралните средини, земјоделството е на прав пат

– Земјоделството и руралниот развој се на прав пат.

СДСМ продолжува со со отворање на нови перспективи и услови за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.

Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември, велат од СДСМ.

– 16.5 милиони евра се ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини.

Со оваа финансиска инјекција, реализаирана преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, а поддржана од Европската Унија, ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработка на прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи , инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам.

Со имплементацијата на оваа мерка, во македонските села и рурални општини ќе никнат нови производствени капацитети, занаетчиски работилници, приватни градинки и домови за стари лица, ветеринарни станици, сместувачки , угостителски објекти за гастро – туризам
и информатички и спортско – рекреативни центри.

Искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ. ИПАРД програмата во периодот на владеење на минатата власт бележеше рекорден процент на неискористеност од само 20% или само 12 милиони евра.

Денес, само со еден јавен повик се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес на потпишување се дополнителни 800 договори за финансиска поддршка со што искористеноста на програмата ќе достигне над 50% од вкупниот расположлив буџет.

Нашата посветеност и новиот концепт на ефективна работа дава јасен знак дека сме на прав пат. СДСМ уште позасилено ќе делува во правец на модерзнизирање на земјоделството, враќање на достоинството на земјоделците и воведување на повисоки стандарди за живот во руралните средини, се вели во соопштението на СДСМ.