13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски и Жерновски во седиштето на ОН во Женева

Делегација од Република Северна Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во чиј состав ќе биде и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, од денеска ќе престојуваат во Женева, со цел учество на 70. Сесија на Извршниот комитет на Програмата на високиот комесар за бегалци на ОН.

Во текот на утрешниот ден, Спасовски ќе има свое обраќање, а акцентот ќе биде ставен на активностите кои од страна на земјата се превземаат во однос на прашањата кои се високо на агендата на високиот комесар за бегалци на ОН.

Предвидено е за време на учеството на Конференцијата, Спасовски и Жерновски да остварат билатерална средба со високиот комесар за беглаци на ОН, Филипо Гранди.

За време на сесијата, покрај редовните прашања од надлежноста на Комитетот, предвидено е и одржување на Сегмент на високо ниво посветен на лицата без државјанство, кој ќе претставува основа за организирање на т. н Глобален форум за бегалци во декември годинава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.