Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев со одлична вест – Следува досега невидено покачување на пензиите

„Во овие две години не се одлучивме да ги зголемуваме пензиите популистички пред избори, туку ги зголемуваме согласно закон.Чесниот пристап што го имаме ни наложува прво да го стабилизираме Фондот, без при тоа оштетени да бидат идните пензионери, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина во Штип, најавувајќи дека во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено.

– Фондот сега се стабилизира и најавувам, овде во Штип, во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено, порача лидерот на СДСМ и македонски премиер.

Чесните политики, ќе ни донесат сериозно зголемување на пензиите, а нема да биде оштетен Фондот или идните пензионери, соопшти Заев.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +