Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев до опозицијата: Знаеме дека постојат луѓе на кои им се лоши на кривини и од лоши патишта

Знаеме дека постојат луѓе на кои им се лоши на кривини и од лоши патишта. Во нашиот случај кога ја започнуваме оваа кампања постојат и такви на кои што им се лоши и на прав пат, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната трибина во Штип.

– Знаеме секако за кои луѓе зборуваме, но ако, ним порано им подававме рака, се обидувавме да се помириме,да градиме единство и тоа ќе продолжиме во периодот кој што претстои пред нас да го правиме. Затоа што нашиот избор е единствен продолжуваме заедно со сите граѓани по вистинскиот по правиот пат, друг нема, рече Заев, пренесеува Центар.мк.

– 30 години доволно беше, проверивме се, правевме се, секакви обиди и експерименти. Конечно дочековме да бидеме земја нормална европска земја интегрирана во НАТО и Европската Унијата, земја во која се враќа владеењето на правото, во која расте економијата, во која што имаме шанса сите овде дома, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Прегазено седумгодишно дете, возачот избега – полицијата трага

ДЕСК

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК