8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Скенирајте фискални – Еве кога ќе легнат првите пари на сметка

Се заокружи првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ.

Средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември на граѓаните ќе им бидат исплатени на трансакциските сметки до крајот на декември оваа година.

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година до вчера регистрирани се 170, 378 корисници на апликацијата „МојДДВ“.

До сегаскенирани се 22,670,713 фискални сметки, остварен е промет од 11,423,978,620 денари, со вкупен ДДВ од 1,241,434,628 денари додека повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 186,215,194 денари, односно околу три милиона евра.

По исплатата во декември, ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември.

Во април ќе има исплата за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.

Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе излезе со целосна анализа и податоци за мерката „МојДДВ“ преку којашто ќе се видат придобивките и во однос на намалувањето на сивата економија по нејзиното воведување, соопштија од таму.

Спонзорирано: