Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Заев од граѓанска трибина во Штип: Цврсто ја поставивме татковината на прав пат!

-Цврсто решивме државата да ја ставиме на прав пат. И успеавме, еве сме на прав пат. Доволно беа 30 години тапкање во место, конечно дочекавме да станеме модерна држава идна членка на ЕУ и НАТО во која има напредок, квалитетно здравство и образование, неселективно владеење на правото, во која парите завршуваат кај граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првата граѓанска трибина „На прав пат“ во Штип.

Сега е време за просперитет за државата и граѓаните на повидок се исполнување на стратешките цели на нашата земја. Сработивме се што се бараше од нас. Имаме заслужено право да го чекаме 17 октомври и да добиеме преговори со ЕУ, додаде Заев.

Заев порача дека ЕУ и НАТО стануваат реалност а тоа им го должиме на сегашните и идните генерации.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +