Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Одбележени 70 години постоење на Градежниот факултет во Скопје – Вицепремиерот Анѓушев и миистерот Сугарески: Градежништвото како гранка е особено важно за економскиот развој

Преку 7000 стручни лица се излезени во изминатите 70 години од Градежниот факултет во Скопје, а тие директно учествувале во изградбата на речиси сите инфраструктурни објекти во нашата земја, соопштија на свеченоста по повод на овој значаен јубилеј новиот и донеодамнешниот декан на Градежниот факултет, професорите Златко Србиноски и Дарко Мославац. Градежниот е најстар технички факултет во Северна Македонија, основан е на 5 октомври 1949 година, а кадрите произлезени од него освен на домашни, имаат работено и на многу проекти во други држави.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, зборувајќи на свеченоста, ја потенцираше значајноста на градежништвото во креирањето на бруто домашниот производ на земјата.

„Ние сме градежна нација, со квалитетни кадри во градежништвото, а коренот е токму во Градежниот факултет. Градежништвото, заедно со индустријата и земјоделството е еден од трите главни столбови во креирањето на Бруто домашниот производ, со директно учество од 6-7% во БДП, односно промет помеѓу 600-700 милиони евра на годишно ниво“, посочи Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев додаде дека во овој сектор во моментов работат над 58 илјади лица, но дека бројот на проекти поврзани со градежништвото е толку голем, што градежниците стануваат дефицитарен кадар во нашата земја.

„Владата на Република Северна Македонија увиде дека се дефицитарни кадрите од техничките науки, за таа цел преземавме иницијатива, да го подигнеме пред се капацитетот и квалитетот на техничките факултети, во интерес на задоволување на побарувачката и понудата на пазарот на труд. Пазарот на труд бара инжинери, Владата заедно со министерството за образование и наука, набрзо ќе излезе со план како да се унапреди работата на техничките факултети. Ова ќе биде многу значајно за унапредување на економијата, затоа што економија без квалитетни кадри нема, а не смееме да дозволиме недостаток на кадри од техничките науки да стане лимитирачки фактор за развојот на економијата“, нагласи Анѓушев.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески потенцира дека визијата за европска и просперитетна Северна Македонија, со модерна и квалитетна инфраструктура е невозможна без соработка и поддршка од стручната и академската фела, без прифаќање на научните откритија и имплементација на технолошките достигнувања.

„Градежниот факултет е наш партнер во изградба на инфраструктурата во земјава. Тој е клучен соработник во нашата заложба за создавањена услови за економски раст и нови инвестиции, обезбедување на ефикасен и безбеден транспорт и поквалитетен живот на сите граѓани“, кажа Сугарески.

Министерот посочи дека се рализираат историски најголеми вложувања во патната инфраструктура од преку една милијарда евра. До сега изградени и рехабилитирани се преку 500 километри патна мрежа. Во моментот се работи на над 400 километри патишта низ државата, а циклусот вложувања во патната инфраструктура ќе продолжи со изградба и рехабилитација на преку 450 километри патишта.

Директорот на Јавното претријатите за државни патишта Зоран Киранов подвлече дека за успешна реализација на проектите поврзани со инфраструктурата потребна е силна поврзаност помеѓу државните институции и Градежниот факултет.

„Сите успеси постигнати во изградбата, модернизацијата, реконструкцијата, рехабилитацијата и одржувањето на патната мрежа во нашата земја се заеднички и тесно поврзани со Градежниот Факултет. Тоа е благодарение на придонесот на Градежниот факултет како наш главен консултант, преку учеството на врвни професори од сите области потребни за успешна реализација на патните проекти“, рече Китанов и додаде дека нашата патна мрежа е градена во текот на многу генерации, со користење на различни технички решенија и технологии, а тоа подразбира одржување на мрежата, нејзина модернизација и проширување, за да се задоволи растечката побарувачка, како и градење на прекугранични врски за да се комплетира единствениот пазар.

Директорот на Агенцијата за катастар нанедвижности Борис Тунџев посочи дека соработката на оваа институција и градежниот факултет е на високо ниво, со тоа што најголемиот дел од студенти од катдрата за геодезија како матична институција ја препознаваат токму Агенцијата.

На свеченоста со која се одбележи 70 годишнината од постоењето на Градежниот факултет, од страна на деканот Србиноски, беа врачени и плакети за особен придонес и соработка на вицепремиеро Анѓушев, министерот Сугарески, директорите Китанов и Тунџев, ректорот на УКИМ Јанкулоски, како и на други компании, домашни и странски образовни институции, здруженија и компании кои соработуваат со факултетот.