Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Владата одлучи: Ќе се гради основно училиште во Идризово

Владата на вчерашната седница го задолжи Министерството за образование и наука да почне постапка за изградба на ново основно училиште во Идризово во Општина Гази Баба, откако усвои информација за потребата да се изгради ново училиште во тоа населено место.

– Владата донесе одлука со која ѝ се укажува на Општина Гази Баба да ги преземе сите активности и да достави барање до Министерството за образование и наука за изградба на ново основно училиште во Општина Гази Баба во Идризово за соодветната парцела согласно потребите за бројот на ученици, елаборат за енергетска ефикасност, геодетски елаборат со нумерички податоци за градежната парцела и позитивен извештај за основниот проект. Во врска со оваа информација Владата го задолжи Министерството за образование и наука да започне со постапка за изградба на ново основно училиште во Општина Гази Баба во Идризово, соопшти владината прес-служба.

До изградбата на новото училиште, како што се наведува во соопштението, Владата ѝ препорача на Општина Гази Баба да се води од законските одредби за основното образование и од принципите што произлегуваат од концептот едно општество за сите, како и од заложбите за интегрирано образование, во договор со родителите на учениците да ги обезбеди сите услови што ќе бидат потребни децата да учат таму каде што ќе одлучат родителите.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК