Преморени сте и едвај чекате да легнете во кревет и да заспиете, но штом ја ставите главата на перница ве обземаат бројни мисли и сонот едноставно не доаѓа.
Тогаш ја започнувате вечерната рутина тркалање по креветот во надеж дека ќе пронајдете положба во која брзо ќе заспиете. Ваквото сценарио им е добро познато на многумина, а благодарение на овој едноставен трик во само неколку минути можете да го „прелажете“ мозокот и така да го решите непријатниот проблем поради кој се будите уморни.
Што треба да направите? Легнете во вашата најдрага положба, длабоко земете воздух и издишете и покренете ги мислите.
Замислете ја внатрешноста на вашиот дом во периодот од животот кога сте биле дете. Шетајте по просториите и разгледувајте ги собите. Присетете се на најситните детали како намештајот, сликите на ѕидот, шолјите од кои сте пиеле…Токму кога ќе уживате во сценариото, сонот ќе ве совлада и ќе заспиете како бебе.
Зошто делува? Психолозите објаснуваат дека станува збор за диверзија на умот. Имено, секоја минута размислување на позитивни моменти кога сте насочени на детали оставени длабоко во мозокот всушност е минута помалку помината на размислување за обврските и проблемите кои ги носи секојдневието. Позитивните мисли делуваат смирувачки и опуштаат.
Совет: Откако ќе ги исцрпите темите од детството, префрлете се на некои други убави спомени, како патувања, прослави и топли семејни моменти.