Centar.mk
МОЗАИК

3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта оваа есен

Со завршувањето на летото, сигурно се прашувате дали можеби есента ќе ви донесе среќа во љубовниот живот. Иако астрологијата не може совршено да предвиди кога ќе ја сретнете личноста од соништата, според неа следниве три хороскопски знаци ќе пронајдат љубов оваа есен.

 

Вага

Венера ќе се врати во Вага на 31-ви октомври, па ќе се фокусира само на вас. Вашиот љубовен живот целосно ќе се преврти, но ќе откриете многу вистини. Ве очекува навистина добар период. По 16-ти ноември очекувајте одлични промени. Ќе се подобрат вашите самодоверба, харизма и привлечност. Не само што ќе бидете најатрактивната личност каде и да одите, туку ќе имате многу мудрост за љубовта што ќе ве води низ овој романтичен период.

Шкорпија

Бидејќи Венера ќе ја помине првата половина од ретроградното движење во вашиот знак, есента ќе биде одличен период за вашиот љубовен живот. По 2-ри декември очекувајте одличен крај на есента, особено кога станува збор за личност што навистина ви се допаѓа. Ќе зрачите со привлечна енергија и нема личност што нема да ве забележи. Немојте да бидете изненадени ако постојано добивате покани за состанок.

Овен

Кога ќе заврши ретроградното движење на Венера на 16-ти ноември, во вашата седма куќа на врските ќе има вистински оган. Можеби универзумот ќе ви помогне да најдете личност која целосно ќе ве разбира. Но имајте на ум дека ако се менувате за да ја импресионирате погрешната личност, можете да ја испуштите вистинската. Не заборавајте дека вистинскиот партнер ќе ве забележи само кога навистина ќе се прифатите.

Можеби ќе ве интересира

ХОРОСКОП ЗА 17 НОЕМВРИ – Еден знак ќе донесе голема одлука, друг ќе се соочи со вистината, а за некого љубовта подготвува изненадување

ДЕСК

ХОРОСКОП ЗА 16 НОЕМВРИ – Еден знак го очекува важна понуда, друг ќе мора да пресече во љубовта, а за некого понеделник носи нов почеток

ДЕСК

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК