Centar.mk
фото МЗЖШВ
МАКЕДОНИЈА

ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА СО 81 НОВ ПРИПАДНИК – Ќе се засилуваат контролите против бесправната сеча и незаконската продажба на дрва

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа доделени уверенија на 81 шумски полицаец и еден заменик-командир, по завршувањето на шестмесечната обука.

Министерот Борче Серафимовски посочи дека зајакнувањето на Шумската полиција се случува на почетокот на грејната сезона, кога притисокот врз шумските ресурси се зголемува. Според него, новите припадници ќе овозможат повеќе теренски контроли.

Посебен приоритет ќе биде спречувањето на бесправната сеча, како и откривањето незаконски превоз и продажба на огревно дрво. Министерот побара полицајците да постапуваат професионално, врз основа на докази и во рамките на законските овластувања.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ДАТУМ ЗА ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА – Гаши најави продолжување на 18 ноември

ДЕСК

САВЕСКИ СО ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ – Пријавувајте корупција, долгите постапки не смеат да ве обесхрабрат

ДЕСК

НОВАТА ШЕФИЦА НА ОЈО ГОКК НАЈАВИ ПРОМЕНИ – Потребни се подобрувања во одделението што гони полициски службеници

ДЕСК