17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шулц: Интеграцијата на Западен Балкан да се поддржи што е можно побргу

Поранешниот претседател на Европскиот Парламент и поранешен претседател на социјалдемократската партија на Германија, Мартин Шулц, говорејќи на Самитот на Западен Балкан што се одржува денеска во Скопје, ја издвои како исклучително значајна улогата што премиерите Заев и Ципрас ја имаа во остварувањето на договорот од Преспа.

„Токму решавањето на овој спор, но и прифаќањето на Западен Балкан како регион кој мора да биде интегриран во ЕУ, се аргументи за датум за старт на преговорите со ЕУ за Северна Македонија, како и за Албанија“, истакна Шулц за време на дискусијата.

Тој додаде дека Брисел треба да се врати на изворните идеи и принципи на основачите на ЕУ, и да прифатат дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се поттикне и поддржи колку што е можно побргу.

Самитот на Западен Балкан – „Зацврстување на моментумот за Европска интеграција” со присуство на голем број лидери од нашата земја, регионот, Европа и светот, продолжува со дебата за следните чекори во интеграцијата за земјите од регионот во ЕУ.