Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ со поддршка за една изборна единица и отворени листи

Синоќа во 18.30 часот се одржа закажаната средба на Иницијативата за една изборна единица со претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Од Собранието информираат дека на средбата, Заев одговорил позитивно на нивното писмено барање за разговор околу промената на изборниот модел од шест во една изборна единица.

По изнесените аргументи за потребата од промена на изборниот модел, претставниците на СДСМ ја искажаа својата силна поддршка за реформи во изборниот систем, како и за една изборна единица и отворени листи, што беше нивна заложба и пред последните парламентарни избори. Сметаат дека е добро што со оваа иницијатива се отвори јавна дебата и се надеваат дека ќе се обезбеди широк консензус во општеството, информираат од собраниската прес-служба.

На средбата беа присутни речиси сите пратеници од Иницијативата, а од страна на СДСМ беа присутни и заменик-претседателката Радмила Шеќеринска и членот на највисокото раководство Рената Дескоска.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК