Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мистерија: Кој го уби кочанчанецот Ванчо?

Кој го уби кочанчанецот Ванчо С. останува мистерија.

Како што информираат медиумите, кога ќе заврши истрагата ќе се расчисти кој е убиецот на 55 годишниот В.С. од Кочани кој беше убиен вчера наутро во семејна расправија.

За трагедијата која ја потресе Македонија, надлежните информираа дека се приведени двајцата синови на сега починатиот Ванчо С.

Првите информации беа дека трагичниот настан се случил околу пет часот утрото во понеделникот кога мажот наводно со остар предмет ја нападнал неговата сопруга со иницијали Н.С., која завршила во болницата во Штип.

Многу работи веројатно ќе станат појасни откако ќе заврши истрагата и со ДНК анализа ќе се прецизира кој е вистинскиот убиец на В.С. Претходно полицијата објави дека полицајци го пронашле телото на убиениот, откако добиле пријава од 30 годишниот син со иницијали Д.С. кој јавил во полиција само за нападот врз мајката, информираат медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК